Гоце Попов избран за Претседател на Советот на О.Делчево на денешната конститутивна седница

Конституиран новиот Совет на Општина Делчево кој ќе биде со мандат од 2021 до 2025 година. На конститутивната седница за нов претседател е избран Гоце Попов, носител на Советничката листа од СДСМ и коалицијата, која освои најмногу мандати на завршените Локални избори.

-Безрезервно ќе се заложам и ќе овозможам да биде слушнат гласот на секој наш сограѓанин. Со еден збор, мојата идеја и визија е Советот на Општина Делчево да стане храм на демократијата, каде секој советник и граѓанин ќе ги остварува своите демократски права. Овде сме избрани во име на граѓаните да носиме одлуки, планови, програми и решенија, да даваме насоки. Да бидеме конструктивни, да бидеме креативни, да бидеме обединити бранејќи ги интересите на граѓаните, порача Попов. 

Тој воедно во своето излагање објави дека се откажува од финансискиот надомест кој како што кажа ќе го намени за  граѓаните кои имаат најголема потреба од финансиска помош. 

Заблагодарувајки се на довербата од советниците, Попов истакна дека со конструктивна, посветена и искрена работа ќе се залага овој советнички состав да даде придонес во развојот на Општина Делчево. 

-Финансиските средства во висина од 12 претседателски паушали ќе бидат донирани во целост на деца и семејства кои се социјално загрозени, на самохрани родители кои имаат нужна потреба од помош, на  ученици и студенти кои покажуваат врвни резултати и успеси во учењето. Целта на ваквата одлука е да ги мотивирам и да им потврдам дека одат по вистинскиот пат, порача Попов чија целосна изјава може да ја погледнете во продолжение.

Честитајки му ја функцијата на новиот претседател, градоначалникот Горан Трајковски му посака успешна работа и порача Попов како прв меѓу еднаквите, да создаде и раководи со конструктивен Совет кој ќе биде десна рака и на градоначалникот и на граѓаните, но и да биде Совет кој ќе може да одговори на предизвиците кои носат раст и развој на Општина Делчево. 

-Пред сè, му честитам на потегот за донирање на 12 негови паушали, што докажува дека функцијата целосно ја става во интерес на граѓаните на Делчево и дека неговиот мотив за кандидатура за советник и претседател, е воден исклучително од неговата желба да даде голем придонес во подобрување на животот на граѓаните на Делчево и за развојот на нашето Делчево. Воедно, на новите советници им го честитам изборот и мандатот за членови на Советот на Општина Делчево. Им посакувам успешна работа, конструктивни дискусии, почитување на Уставот и законите и општинските акти, рече Трајковски.

Конститутивната Седница ја отвори досегашниот претседател Драган Маневски, а со истата раководеше најстариот советник во актуелнито советнички состав Марјанчо Велиновски. Пред давањето на свечена заклетва, советниците од ВМРО ДПМНЕ и Левица, побараа нови материјали во кои ќе биде отстранета именката Северна, по што следеше реакција од советниците од СДСМ, кои потенцираа дека на тој начин се крши Уставот, согласно кој новото уставно име на државата е Република Северна Македонија. 

Општинскиот совет во Делчево го предводи СДСМ и коалицијата со освоени 8 советнички мандати, додека ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата имаат 6 советници и еден советник Партијата Левица.

Составот на Советот на Општина Делчево со мандат од 2021 до 2025 е следен:

  • Гоце Попов
  • Сашко Ивановски
  • Јасмина Ќурчиска
  • Оливера Ташевска
  • Марио Скакарски
  • Кристи Стојковски
  • Сунчица Ѓорѓиева
  • Иван Гоцевски
  • Кирил Тренчевски
  • Бојана Гоцевска
  • Марјанчо Велиновски
  • Сања Николовска
  • Зекир Абдулов
  • Стефанија Атанасова Јовановски
  • Дејан Георгиевски

Целата конститутитивна Седница може да ја проследите во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*