ЈЛБ ,,Илинден” ги набави книгите од делчевскиот логопед Сања Стојковски

Јавната локална библиотека „Илинден“ ги набави двете книги издадени од делчевскиот логопед во ОЈУДГ ,,Весели Цветови” Сања Стојковски, „Броеви до 10-пиши бриши“ и „Графомоторика“. Отсега како што информираше директорката на ЈЛБ ,,Илинден”, Билјана Петровска, книгите ќе можат да се изнајмат во самата библиотека.

-Многу пати до сега дечињата сакале да ги изнајмат боенките кои ги имаме, но тие не се изнесуваат надвор од библиотека, еве сега овие две книги ќе можат да ги изнајмат и да пишуваат во нив, затоа што во нив може да се пишува, да се греши, да се избрише и да се научи. Дечињата ги изнајмуваат книгите, пишуваат во нив, но страниците се пластифицирани, па кога завршат, со влажно марамче се брише се, и се враќа книгата во библиотеката, истакна Петровска.

За авторката во својата објава на фејсбук од ЈЛБ ,,Илинден” додадоа дека има жени премногу амбициозни, упорни, креативни, кои сакаат да работат со дечиња, да им помагаат, да им стават насмевка на лице и радост во очиња…Сања е една од нив. Ова не се последни нејзини изданија, таа продолжува да твори и создава. ЈЛБ ,,Илинден” ги поддржува сите нејзини творечки активности.
Нека учењето биде игра, а доаѓањето во библиотеката радост! Дечиња, ве очекуваме, додадоа во својата објава на фејсбук од ЈЛБ ,,Илинден” Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*