Рекордни 77 дарувања на денешната крводарителска акција во Делчево

Со рекордни 77 крвни единици, во Делчево се одржа претпоследната крводарителска акција за 2021 година. Акцијата ја реализираше Црвен крст Делчево во соработка со Blood Bank Tank.

-Денешната акција е една од најуспешните крводарителски акции во чии рамки имавме вкупно 77 дарувања, што е воопшто најголем број на собрани крвни единици во тековната 2021 година, што посебно не радува. Благодарност до сите кои денес учествуваа во акцијата и придонесоа за да биде поставен овој рекорд на полето на крводарувањето, истакнаа од Црвен крст Делчево.

Доктор Милан Поповски истакна дека поради пандемијата во 2021 година се јавува поголема потреба од крв, заради што апелираа граѓаните на некоја од идните акции да се вклучат уште помасовно и да ја покажат својата хуманост на дело.

-Денес имавме одличен интерес од доброволни дарители на крв и апелираме до сите хумани граѓани и во наредниот период да учествуваат во ваквите акции, бидејки крвта не се произведува, туку во време на пандемија исклучиво се потпираме на хуманоста на граѓаните, рече Поповски.

Од Црвен крст Делчево информираа дека последната крводарителска акција во Делчево ќе се одржи на почетокот на месец декември.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*