Во Делчево продолжува реализацијата на иницијативата ,,Младите за поубаво и почисто Делчево”

Во Делчево продолжува иницијативата ,,Младите за поубаво и почисто Делчево”. За таа цел како што информираше Христихан Трајановски, учесник во акцијата, санирано е Детското игралиште и фудбалскиот терен во населбата Милково Брдо. 

-Во акцијата учествуваше стручно лице кое изврши санирање на оштетените реквизити, додека волонтери извршија бојадисување на реквизитите како и отстранување на сметот кој беше расфрлан наоколу, рече Трајановски.

Преку оваа иницијатива најави санација и на други детски игралишта на територијата на Општина Делчево и во селските средини.

-Како следни активноати ќе бидат опфатени паркот во Ново Делчево, Детските игралишта во населбите Расадник и Таушанско маало како и многу други места наменети за децата каде има потреба од санација, додаде Трајановски.

Претходно во рамки на иницијативата беше обновено и првото детско игралиште во истоимената населба.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*