Во М.Каменица реализирана обука за изготвување пензионерска социјална карта

Здружението на пензионери од Македонска Каменица е меѓу првите здруженија во регионот кое се вклучи во процедурата за изработка на пензионерска социјална карта. За таа цел во посета на каменичкото здружение беше Станка Трајкова, претседателката на Сојузот  на здруженија на пензионери на Македонија, која по завршувањетоцна обуката со каменичките пензионери, информираше за бенефитите од самиот документ.

-Се работи за еден социјален документ кој е мошне важно да го поседува секое пензионерско здружение. Ми претставува задоволство да кажам дека М.Каменица е едно од ретките здруженија кое меѓу првите се соглади да ја воведе оваа пензионерска карта. Во истите се содржат податоци за секој пензионер поединечно, податоци кои ќе значат целина за пензионерот, почнувајки од неговото образование, неговата станбена и материјална и здравствена состојба, неговите потреби и услуги кои треба да му се даваат на пензионерот, рече Трајкова.

По изработката на пензионерската карта пензионерите со ниски примања како што додаде давахки го своето мислење сами ќе изберат кои услуги ќе ги користат.

-Еве сега во услови на пандемија на површина излезе потребата од помош, независно дали е тоа социјална, материјална или било каква друга помош. Тука исто така дојде до израз взаемноста и солидарноста на сите здруженија кои заеднички констатираа дека кога ќе се дојде до податоци, кој пензионер има најниска пензија и не му добра здравствената состојба. Во тој случај сигурно дека таа помош треба да се даде на тој пензионер, што значи дека сите тие одлуки ќе се црпат со податоци од пензионерската социјална карта, додаде Претседателката на Сојузот на пензионери.

Пензионерската социјална карта како што додаде, нема да биде траен документ туку податоците на пензионерите како се менува структурата на корисниците редовно ќе се дополнуваат.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*