ФК ,,Каменица Саса” по победата на Осогово се врати на 3 место во Втората лига – Исток

Фудбалерите на ,,Каменица Саса” се вратија на 3 место на второлигашката табела во Источната конкуренција, откако во соседското дерби денес на Градскиот стадион во М.Каменица беа подобри во соседското дерби со Осогово. Стрелци на головите за домашната екипа беа Мисердовски и Божинов кои беа постигнати во финишот на мечот. 

-Ова беше тврд натпревар во кој на крај заслужено победи екипата со повеќе шанси. Засега она што е важно е што повторносме трети на табелата. Би било добро да продолжиме со ваква и уште подобра игра џа да одтанеме при врвот на табелата, истакнаа од стручниот штаб по натпреварот.

Во вториот натпревар кој во 10. коло во оваа конкуренција се играше на крајниот Исток, екипите на Кит-Го Пехчево на домашен терен ремизираше со прилепска Победа 1:1. Кудев во 51 минута и донесе водство на доѓапната екипа додека Спиркоски во 75 минута и донесе реми на второпласираната екипа на првенствената табела.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*