Enduro Team Делчево ја организираше првата off road брзинска трка на планината Голак

Во Делчево на планината Голак се одржа првата офф роад брзинска трка на која учествуваа љубители на офф роад и мото-крос здруженија од повеќе градови во Македонија.

Настанот го организираше Мото клубот „Ендуро Тим“ од Делчево чиј претседател Виктор Стојановски информираше дека на натпреварот учествуваа возачи на џипови, мото кросови и АТВ возила. 

-Денес љубителите на офф роадот и мото спортот се собравме на првото заедничко дружење на планината Голак.  Рутата е долга околу 4 километри низ прекрасна букова шума, а натпреварите се одвиваат во три категории, мото кросови, џипови и АТВ возила. Како за прв пат сме задоволни бидејки како што гледате имаме многу посетители и се надеваме дека овој ден треба да прерасне во традиција, истакна Стојановски.

Задоволство од организацијата имаше и од најголем дел од учесниците, кои велат дека тренингот игра клучна улога за добар настап на ваквите настани.

-Настанот е многу добар, добра стаза добра дружба, другото се гледа према луѓето колку е посетено. Настапувам со кавасаки КX 250. Инаку со ова се занимавам долги години. За да се учествува на ваков настан е потребно добро возило и добар тренинг, без тренинг ништо не може да се постигне. На организаторите им посакувам догодина уште поубаво да биде, истакна учесник од Велес. 

Најмладиот учесник на настанот со својот велосипед настапи со свои 9 години, а љубовта кон овој спорт му ја всадил неговиот родител Тошо Стојчев, кој повеќе пати има освоено први места на вакви настани ширум државата.

-Денес на Голак настапувам во две категории, со џип и со четирицикл. За ова хоби, но и спорт пред се најважно е да имаш добра опрема, љубов спрема спортот и волја. Од настанот во Делчево сме задоволни, добро испадна, истакна Стојчев. 

Порака до организаторите да продолжат вака и наредната година, упатија и учесници од Кочани.

-Ние сме вљубеници во мото кросот од Кочани, а со овој спорт се занимаваме пред се поради адреналинот. За да се учествува е потребно доволно искуство, тренинзи и добро возило, рекоа кочанчани.

За најдобрите во своите категории организаторот обезбеди благодарници и пехари како и медали, како награда за најдобро постигнатото време на натпреварот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*