Ангажирани дополнителни 15 лица за успешно спроведување на проектот: ,,За почисто Берово”

Општина Берово ангажира дополнителни 15 невработени лица за успешно спроведување на проектот ,,За почисто Берово”. Проектот се спроведува во соработка со Агенција за вработување на Република Северна Македонија, а активноста како што информираа од Општината е во согласност со Програмата за Социјална заштита за 2021 година.

-Во рамките на проектот со новоангажираните 15 лица, како дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд, досега ангажирани се вкупно 35 невработени лица од социјално-ранливи категории со ниски квалификации, информираа од Општината.

Со цел почиста и поубава животна средина проектот како што додадоа, вклучува извршување на повеќе активности на територијата на Општина Берово.

-Во рамки на активностите ангажираните лица вршат ууредување на тревни површини и паркови, чистење на речното корито на река Брегалница и каналите во Општина Берово, чистење на централното градско подрачје, средување на диви депонии, уредување на велосипедско пешачка патека на Кеј на река Брегалница и Беровско Езеро, одржување на јавни површини и урбана опрема во градот и населените места, додадоа од Општина Берово.

Ангажираните лица како што дополнија ќе имаат 4 часови ефективна работа, за што од Општината ќе им биде исплатен соодветен надомест.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*