Во Берово закажана акција за пошумување „Иднината На Светот – Од Нас Зависи“

Фејсбук објава на Патфајндерс

После огромниот пораз и болката што остана во оние кој се свесни за последиците и недоместивите штети од големите пожари кој ја зафатија Малешевијата, по кои остана само пепел и тишина, Ние решивме заедно да се организираме и барем со мал дел посветеност на секој од нас да и помогнеме на природата да се регенерира и повторно да има дом за шумските жители.

Иницијативата „Иднината На Светот – Од Нас Зависи“ е планирана акција засадување на дрвца ќе се оддржи во Недела со почеток од 10:00часот во организација на ЗПСТМ Патфајндерс и екипата на Беровски Бисере.

Тоа е отворена покана за сите кои сакаат да се вклучат во неа и со здружен труд да ја засадиме иднината со повеќе од 5 000 дрвца на одредена локација во Малешевијата.

Локацијата можете да ја најдете на следните координати: 41.66801196051891, 22.831300793603003 или за оние кој што не ќе можат да се снајдат е локацијата позади пиланата „Три реки“ која што се наоѓа на патот помеѓу Берово и Струмица на еден километар после излезот за село Ратево https://goo.gl/maps/gVJEam4oPs1hwmxr7 .

Секој кој е заинтересиран да се вклучи потребно е да понесе свој личен рачен алат како лопата или мотика со што ќе работи, Секој да си понесе храна и пијалоци по сопствена желба и потреба.
Превозот е во сопствен аражман на волонтерите и да нагласиме дека локацијата е на 20 до 50 метра од асвалтниот пат.

Со клик на фотографијата подолу информирајте се за повеќе детали за настанот:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*