Најредовните 5 читатели-мажи наградени од делчевската библиотека

Петте најредовни читатели мажи денес добија подарок од Јавната локална библиотека „Илинден“ која за прв пат организираше настан на кој ги награди топ 5-те најредовни читатели. Директорката на библиотеката Биљана Петровска доделувајки им ја наградата истакна дека целта е што поголем број мажи да се мотивираат да почнат да другаруваат со книгата.

-По традиција на денот на жената им подаруваме книги на нашите најредовни читателки. Многумина пак , не прашуваат дали имаме мажи читатели и колку читаат мажите. Од тие причини, ЈЛБ „Илинден“ одлучи да награди 5 топ мажи-читатели во ЈЛБ „Илинден“. Тоа се Кирчо Јовановски, Горан Стоименовски, Петар Златковски, Зоран Николовски и Сашо Пановски. Честитки до сите нив. Тоа се наши читатели што точно знаат што сакаат да читаат или читаат се што ќе им понуди библиотеката. Сето ова го правиме како мотивација да почнат сите мажи да читаат, книгата не познава пол, а ако еднаш ја почувствуваш магијата на читањето, секогаш ќе читаш, рече Петровска.

Порача ова да биде и мотивација за жените, и тие да продолжат со читање, со тоа што нема да дозволат мажите да мислат дека се посилен пол и во читањето.

Библиотеката за прв пат ја воведува оваа награда или номинација топ 5 мажи-најчитатели во ЈЛБ „Илинден”кои додадоа дека настанот е со тенденција да прерасне во традиција.

Во продолжение изјавите на директорката Петровска и дел од наградените читатели-мажи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*