Украдени украсни светилки од новиот парк во центарот на Делчево

Украдени украсни светилки во новиот парк во центарот на Делчево. Кражбата како што информираат од Општината се случила за време на викендот, а случајот е пријавен во полиција.

-Викендов несовесни граѓани украле дел од украсните светилки поставени на новиот парк изграден во вид на трибини во строгиот центар на Делчево, со што се продолжува неславната традиција за уништување урбана опрема поставена на јавните површини. Општина Делчево изразува згрозеност од овој чин и апелира до  граѓаните да се грижат за општинскиот имот, бидејќи крадењето или уништувањето на урбаната опрема значи уништување на јавни добра купени со буџетски средства, истакнаа од Општина Делчево.

За сторителите кои ќе бидат откриени како вршат вакви недозволени дејства, како што додадоа предвидена е мандатна казна која изнесува 200 евра во денарска противвредност.

-Од тој аспект несовесните граѓаните треба да се сами свесни дека со уништување на урбаната опрема во градот, самите себеси си прават штета, а исто така, согласно со актуелните законски одредби, забрането е уништување на урбана и друга опрема, за што е предвидена мандатна казна во горенаведената вредност, додадоа од Општината.

Дополнија дека интензивно се работи на поставување видеонадзор и на овој простор од централното градско подрачје, откако претходно видео надозр беше поставен и на други локации во градот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*