Млади од Делчево и М.Каменица се обучуваа за ,,зелени” вештини во Софија

Млади активисти од Делчево и М.Каменица во Софија, Р.Бугарија развиваа ,,зелени” вештини преку промовирање еколошко, одржливо и одговорно однесување. 

Учеството во тренинг програмата е дел од проектот „Зелени вештини за еколошка младинска работа – курс за обука за млади работници“ кој се реализира преку Еразмус + Програмата и во кој Регионалниот центар за застапување е партнер заедно со уште 14 земји од Европа.

-Рената и Емилија се млади членови од РЦЗ Делчево кои беа избрани за новиот тренинг курс за развој на зелени вештини кој на почетокот на ноември се одржа во Софија, Република Бугарија. Нивното учество вововој проект е во насока на развивање на „зелени“ вештини за да ја подобрат својата младинска работа преку промовирање еколошко, одржливо и одговорно однесување. Од друга страна, тие се обучуваат за охрабрување на употребата на еколошки практики за намалување и компензирање на „еколошките отпечатоци“ од секојдневните активности на учесниците организации и да ги направи одржлив екосистем, истакнаа од Регионалниот центар за застапување.

Во понатамошната фаза како што додадоа учесничките своето искуство од тренингот ќе го пренесат и на останатите младинци во Регионалниот центар за застапување Делчево. 

-Во периодот кој следува на повидок се уште поголеми соработи во рамки на Еразмус Програма, затоа ги охрабруваме сите млади од регионот да се вклучат во работата на Младинскиот Хаб во рамки на нашата организација, додадоа од РЦЗ Делчево.

Ова е трет проект во рамки на програмата во кој РЦЗ е вклучен оваа година со вкупно 8 младинци кои годинава ги јакнеа своите вештини во соседна Бугарија и во областите дигитализација, животна средина и медиуми.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*