Почна изградбата на водоводот во село Ѕвегор

Се гради новиот водовод во делчевското село Ѕвегор. Активноста како што информираа од Општината е дел од втората фаза од реализацијата на големиот проект ,,Водоснабдување на Делчево”.

-Cо овој проект во с. Ѕвегор комплетно се заменува постоечката водоводна мрежа со нова. Конкретно во селото Ѕвегор-старата водоводна мрежа градена пред половина век од самите жителите и која не одговараше на стандардите и не ги задоволуваше потребите на жителите, посебно во летниот период, добива нов водоводен систем чија првична мрежа е изведена од азбест цементни цевки сега мрежата се гради со полиетиленски цевки, истакнаа од Општината.

Овој проект како што додаде градоначалникот Горан Трајковски кој изврши увид во работите има една основна цел, а тоа е да се подобри водоснабдувањето во селото.

-За таа цел потребна е комплетна реконструкција на мрежата преку исполнување на сите технички прописи, со што ќе се овозможи лесно одржување и квалитетна услуга на корисниците. Работите ги изведува фирмата „Бауер БГ“, а по завршување на работите во Ѕвегор ќе започне изградба на новиот водоводен систем во с. Габрово, рече Трајковски.

Втората фаза од проектот „Водоснабдување на Делчево“, е финансирана од Министерството за животна средина во висина од 1,3 милиони швајцарски франци, додека за вкупниот проект „Водоснабдување на Делчево“ кој е во износ од 7,3 милиони швајцарски франци, 6 милиони се донација од Швјацарската конфедерација, а 30 илјади швајцарски франци контрибуција на Општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*