Во Делчево извршена проверка на подготвеноста на гимназијата „М.М.Брицо“ во случај на елементарна непогода

Во Делчево реализирана симулациска тактичко-показна вежба со цел увид во подготвеноста на гимназијата „М.М.Брицо“ во случај на елементарна непогода. Активноста се реализираше во соработка со Територијалната противпожарна единица, ПС Делчево и Општинската организација на Црвен крст, а целта како што истакна директорот на гимназијата Љупчо Прачкоски е едукација на наставниот кадар и учениците како да постапат во случај на пожар и друг вид на елементарна непогода.

-Ова е многу добра едукативна акција направена од нашето училиште во соработка со сите институции кои се грижат за здравјето на учениците. Со оваа вежба денес беше прикажано како ќе изгледа гимназијата во случај на пожари или одредена друга непогода и како младите волонтери ќе се справат со евентуалната таква ситуација, рече Прачковски.

Организациониот секретар на Црвен крст Ивана Ангеловски упати благодарност до сите учесници во денешната акција, притоа оддавајки посебна благодарност до волонтерите, кои според неа своите задачи ги извршиле на највисоко ниво.

За волонтерот Искра Ѓеоргиевска задоволство е да се учествува во ваквите едукативни активности, бидејки според неа елементарните непогоди се нешто кое може да се случи било кога, заради што секој волонтер треба да биде спремен како да постапи во таков случај.

-Во оваа евакуација јас бев задолжена за пружање на прва помош на повредените. Бевме поделени во три групи, првата група интервенираше при повреди за задушување, втората за повреди од типот на изгореници и третата група за скршеници, Со овие показни вежби покажавме што навистина може да се случи и како да се превенира, рече Ѓеоргиевска.

По завршувањето на акцијата вршителот на должноста командир на Територијалната противпожарна единица Миле Тодоровски изврши рапорт до градоначалникот на општината Горан Трајковски, кој посакувајки денешната активност да остане само на вежба, посочи дека овие активности се востановени подолг период и истите треба да продолжат, се со цел институциите да бидат подготвени за помош на граѓаните во случај на елементарни непогоди.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*