Заврши доизградба на дел од велосипедската патека Делчево-Илин Камен

Заврши доизградба на дел од велосипедската патека Делчево-Илин Камен. Проектот како што информираа од Општината опфаќаше изградба на улица во село Ѕвегор, како дел од патеката која е долга 720 метри.

-Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Министерство за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој, а во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој, проект за развој на подрачјата со специфични развојни потреби. Висината на инвестицијата е 4,9 милони денари со вклучен ДДВ. Од Бирото за рамномерен регионален развој се обезбедени 3,5 милиони денари. Градежните работи ги изведуваше фирмата СД Транс, истакнаа од Општината.

Реализацијата на овој проект како што додаде градоначалникот Горан Трајковски кој изврши увид во градежните работи е во насока на промоција на природниот раритет Илин Камен кој е во непосредна близина на Ѕвегор, зголемување на потенцијалите и содржините на туризмот во Делчево, како и промоција на велосипедизмот и рекреативното пешачење.

Со оваа инвестиција e реализиран и вториот дел од велосипедската патека која поминува низ село Звегор

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*