Во тек подготовките за натпреварот ,,Млади библиотекари” во Делчево

Во ЈЛБ „Илинден“ – Делчево, во тек се подготовките за натпреварот „Млади библиотекари“. Право на учество на општинскиот натпревар како што информирапе директорката Биљсна Петровска имаат учениците од основните училишта во Делчево.

-Комисијата,составена од вработени во ЈЛБ„Илинден“ што ќе ги оценува учениците, ги упатува заинтересираните ученици за учество во натпреварот да го користат прирачникот Библиотекарство.

Прирачник за подготовка на кандидати за натпреварот “Млади библиотекари”, од Благој Н. Николов, Гордана Пешевска и Дијана Кирова во издание на Библиотекарското здружение на Македонија издадено 2018 година, според кој се формираат прашањата.

Прашалникот на натпреварот ќе се состои од 20 прашања на кои натпреварувачите писмено ќе одговараат за време од еден час (60 минути). Натпреварувачите се потпишуваат со шифра.
ЈЛБ „Илинден“ општинскиот натпревар ќе го одржи на 11 април 2022 година. Сите заинтересирани ученици можат прирачникот од кој треба да учат да го земат од библиотеката.Го најавуваме натпреварот уште сега, иако ќе се одржи во април, со цел учениците да имаат доволно време да го научат материјалот и добро да се подготват за натпреварот.

Победниците од општинскиот натпревар се стекнуваат со право на учество на Републичкиот (државен) натпревар „Млади библиотекари“, кој годинава ќе се одржи во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид на 6 мај 2022 година.
Библиотекарското здружение на Македонија, традиционално секоја година го организира републичкиот натпревар „Млади библиотекари”, се вели во објавата на ЈЛб ,,Илинден” Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*