О.Берово ги исплати средствата за субвенционирање купен велосипед

Општина Берово ги исплати средствата наменети  за субвенционирање купен велосипед, за граѓаните кои аплицираа по мерката предвидена во општинската програма за поддршка на Локалниот развој за 2021 година.

-По однос на оваа мерка субвенционирани се 42 жители на Општина Берово, кои се исплатени за купен велосипед, како дел од програмата за поддршка на Локалниот економски развој за 2021 година. Од сите пристигнати пријави, по јавниот повик, кој беше отворен од 05.08.2021 до 06.09.2021 година, апликантите  ги исполниле критериумите, согласно Одлуката и Правилникот за субвенционирање за купен велосипед, иатакнаа од Општината.

Оттаму додадоа дека секој апликант е субвенциониран со 50 проценти од средствата потрошени за купување на велосипед.
-Максималната сума која е исплатена изнесува 6.000 денари. По основ на субвенционирање на велосипеди, за 2021 година, од Општинскиот Буџет се исплатени вкупно 242.160 денари, додадоа од Општината.

Листата на субвенционирани граѓани за купен велосипед од Општина Берово се објавени на општинската веб-страница.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*