
Градоначалникот на општина Пехчево, Александар Китански, изврши посета на терен во с.Црник и воведувањето во работа на избраниот изведувач Друштво за производство и градежништво СД –ТРАНС ДООЕЛ Славе извоз-увоз од с.Звегор, Делчево за практична имплементација на проектот за изведба на две локални улици во с.Црник.
-Општина Пехчево во рамки на Вториот Проект за подобрување на општинските услуги финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) – МСИП 2, имплементиран преку проектната единица во рамки на Министерството за финансии и како резултат на успешната реализација на проектот за изградба на локални улици во с.Робово и с.Умлена како и доградбата на трапезаријата при детската градинка во Пехчево доби грант средства во висина од 1.586.974,00 денари, стои во објавата на Општина Пехчево
Преку процесот на Урбана ревизија и рангирањето на населените места во општина Пехчево според квалитетот на живеење, консултациите со месното население за приоритетните потреби од патната инфраструктура и расположливата техничка документација за користење на доделените средства и имплементација беа избрани проектите за Изградба на Крак 1 од Ул. 2 и Ул. 3 во с.Црник, општина Пехчево.

-Вкупната вредност на двата проекти е 2.002.630,00 денари со вклучен ДДВ при што и општина Пехчево учествува со сопствени средства во вкупниот буџет на проектот. Рокот за изведба на предметните улици е 90 дена. Надзорот на изведбата на работите е доделена на фирмата НАСА КОМ доо Скопје, додадоа од Општината
Преку овој проект од општина Пехчево очекуваат да се придонесе за подобрување на условите за живот во руралните населби.
Leave a Reply