Атанасовски на средба со претставници на Државниот инспекторат за техничка инспекција

Продлабочување на соработката помеѓу Општина Македонска Каменица и  Државниот инспекторат за техничка инспекција, со цел подобрување на статусот на рударите беше главната тема на разговор на новиот градоначалник на М.Каменица, Димчо Атанасовски кој со претставниците на инспекторатот ја имаше и својата прва активност по стапувањето на функцијата градоначалник.

-На средбата со директорот Екрем Буњаку, инспекторот Авдуш Јонузи и вишиот инспектор м-р. Драган Димитровски се разговараше и за рационалното искористување на минералните суровини во рудникот Саса со цел за продолжување на работниот век на рудникот, како и за условите под кои самите рудари ја обавуваат својата макотрпна работа, се вели во објавата на Општина М.Каменица.

Атанасовски во текот на вчерашниот ден ја презеде функцијата од довчерашната градоначалничка Соња Стаменковска која му посака успешна, чесна и пожртвувана работа, порачувајки му да продолжи со успешната приказна за отворена, модерна и европска Македонска Каменица напоменувајки дека општината ја остава во одлична финансиска состојба.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*