
Шампионките на КК ,,Клупски Патриот” забележаа нова победа во фуриозен натпревар во кој славеа во Неготино совладувајки ги домашните кошаркарки со убедливи 30:53.
Победата според информации на тренерот Љупчо Петровски била најавена уште во првата четвртина со водството од 24:05, а до крај се било рутина.
Петровски истакна дека сите кошаркарки добиле солидна минутажа запишувајки се во листата на стрелците, со што сите девојки со својата волја и желба за победа дале свој придонес во победата.
-Со оваа победа ЖКК ,,Клубски Патриот” ги најавува амбициите за висок пласман, веќе се доекипиравме, ни се врати и центарот Теодора Атанасовска, со што најавуваме многу нови победи, истакна Петровски на својот фејсбук профил.

Leave a Reply