Во делчевското село Тработивиште одржана првата ,,Зелкаријада”

Во делчевското село Тработивиште одржана првата ,,Зелкаријада” манифестација посветена на најзастапениот земјоделски производ кој се одгледува на ова подрачје. Сузана Стојменовска која денес ја имаше улогата на готвач истакна дека зелката како незаменлив производ на трпезата во Пијанец заслужува да има свое обележје во рамки на манифестација која би прераснала во традиционална.

-Зелкаријадата ја правиме бидејки надалеку Тработивишката зелка е препознатлива како вкусна, ,,реава” и незаменлива како производ и затоа решивме да направиме нешто како традиција. Ова е прва година, а се надеваме дека со тек на годините ќе се продолжи таа традиција, рече Стојменовска.

Тработивишката зелка како производ редовно е присутна на пазарите во пошироката околина на Источна Македонија, во моментот со активно производство на зелка се занимаваат 20-тина семејства од ова делчевско село.

-Во овој период многу е барана, немаме доволно залихи да одговориме на побарувачката. Зелката обично ја садиме од старо семе од дедовци и баби што ни останало во наследство. Имаме и увозни сорти, за да видиме дали ќе успеат, но околу 90 проценти е домашно семе, додаде Стојменовска.

Покрај презентацијата на храна од зелка денешниот настан како што додаде Фиданчо Цинцовски кој долги години се занимава со угостителство е луѓето да се потсетат на некогашната дружба која ја имале во село Тработивиште.

-Денешниот специјалитет е зелка со телешко месо со додатоци од зачини како и за други јадења. Ова е прва ваква манифестација задоволни сме од посетеноста, следната година планираме да ја збогатиме и со други локални производи од храна, рече Цинцовски.

Повратникот во селото Џелал Садулов додаде дека со задоволство се приклучил на иницијативата на Венко Иванов за организација на овој настан.

-Организатори на настанот се Венко Иванов, јас Џелал Садулов, Калајџиски Звонко и Цинцовски Фиданчо. Јас сум повратник од Швајцарија, направив куќа и се вратив во село Тработивиште. Триесет и пет години бев во странстцо но нормално ме влече во родниот крај и се вратив дома. Порака до сите пензионери да се вратат дома, бидејки нема ништо поубаво од родното место, истакна Садулов.

Во рамки на првата Зелкаријада беше отворена изложба на традиционални земјоделски производи карактеристични за Пијанечкиот рефион кои во комбинација со зелката му дадоа посебен шмек на овој настан.

Видео со повеќе изјави од настанот во продолжение:

https://www.facebook.com/268787666980316/posts/1184683082057432/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*