Во Делчево претставена кампањата „Безбедно управување со трактор“

Во Делчево реализирани едукативни активности од кампањата „Безбедно управување со трактор“. Кампањата ја спроведува Општинскиот совет за безбедост на сообраќајот на патиштата Делчево во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и  службеници на Министерството за внатрешни работи од Полициската станица Делчево.

-Активноста се реализира со цел превентивно да се делува и да се потенцира важноста за управување на технички исправно возило со исправни уреди. Кампањата се реализираше на општинската патна мрежа каде има зачестено движење на трактори и друга земјоделска и мобилна механизација при што се апелираше за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, истакнаа од ОСБСП Делчево.

Воедно како што додадоа потенцирана беше опасноста од движење во ноќни услови на недоволно обележана механизација. 

-Возилата кои беа опфатени во кампањата беа дополнително обележани со ретрорефлектирачки ленти во црвена и бела боја со порака ,,Вози одговорно”. 

Согласно со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, мобилна машина, мотокултиватор, трактор и тракторска приколка во сообраќајот на пат, задолжително како што посочија учесниците во настанот треба да бидат технички исправни и да имаат исправни уреди.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*