Во М.Каменица се одржа првиот младински фудбалски ,,Рударски Куп”

Во организација на фудбалскиот клуб ,,Каменица Саса” во Македонска Каменица викендов се одржа првиот Рударски куп за фудбалери од помладите генерации. На настанот како што информираа организаторите учествуваа фудбалери од генерацијата 2009 и помали.

-Фудбалскиот клуб ,,Каменица Саса” има богата традиција во младинските категории, како во државата, така и надвор од неа. На фудбалерите им посакувам овој Куп да им остане во добро сеќавање, со цел да научат потрг повеќе од своите врсници и да ха продолжат својата дружба и понатаму, истакнаа организаторите. 

За градоначалникот на М.Каменица Димчо Атанасовски најважно на овој турнир е спортската дружба помеѓу младите фудбалери.

-Преку ваквите настани тие имаат можност да го покажат она што што најдобро го знаат преку фер натпревар и посакувам ова да прерасне во традиција, рече Атанасовски.

На настанот учествуваа и најмладите од ФК ,,Брегалница Делчево” кои го освоија второто место во генерација 2012, и третото место за генерација 2014.

-Одлично се претставивме на Рударскиот куп. Кристијан Димитровски од нашата екипа е прогласен за најдобар играч на турнирот за ген.2012. Ова беше настан во кој дружењето и детската насмевка беа над се, истакнаа од ФК ,,Брегалница Делчево” во својата објава на фејсбук.

На настанот учествуваа фудбалски екипи од Скопје, Штип, Делчево, Кочани и градот домаќин М.Каменица, а за најдобрите екипи во своите категории организаторот обезбеди награди.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*