Во Пехчево фатен ловџија без дозвола за оружје

Беровската полиција одзеде ловечко оружје кое жител на Пехчево го користел без дозвола. Како што сооштија од полицијатa,  триесет и едногодишниот жител оружјето со ловечки патрони го користел за време на лов.

-На 14.11.2021 на место викано „Св.Петка“ атар на Пехчево, од страна на полициски службеници од ОВР Берово во содејство со Ловeчко друштво „Хантер про 2020“ бил затекнат Е.А.(31) од с.Чифлик, пехчевско, кој носел ловечка пушка „ИЖ – 27“ калибар 12 мм и 7 ловни патрони за кои не поседувал дозвола, информираат од беровската полиција.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а претходно пушката и патроните на пехчевецот му биле одземени.

По целосно документирање на случајот, како што најавија од полицијата, против Е.А ќе биде поднесена соодветна пријава

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*