Во Берово реализирана акција за пошумување дрвца ,,Иднината на светот – Од нас зависи“

Во Берово реализирана акција за пошумување дрвца ,,Иднината на светот – Од нас зависи“. Настанот го организираа здруженијата  ,,Патфајндерс” и „Беровски Бисере”, а се пошумуваше  кај месноста „Три реки“ на патот Берово – Струмица, после селото Ратево.

-Целта беше да се засадат 5000 дрвца на локација на Малешевијата, со цел да се почне да се санираат последиците и недоместливите штети после пожарите кои ја зафатија Малешевијата летово, истакнаа организаторите. 

На акцијата се приклучија градоначачникот на Берово, Звонко Пекевски и советничката група на СДСМ како и голем број граѓани кои го прифатија повикот на организаторите и акцијата доби во своја масовност.

-Засадувањето дрвја сега е најдобриот начин за справување со високите температури и климатските промени, покажува истражување од група научници. Во иднина и како институција и како граѓани ќе продолжиме да ги поддржуваме таквите акции, ќе иницираме и заеднички ќе работиме со централните власти во реализација на такви акции за унапредување на животната средина, рече Пекевски.

Според организаторите пошумувањето на дрвјата кои го апсорбираат јаглеродниот диоскид, ќе помогне во борбата против глобалното загревање, ќе им помогне на шумите да ја задржат влажноста на  почвата, а воедно ќе го намали и ризикот од поплави

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*