Јавна анкета и средби со граѓани за креирање на општинскиот Буџет во Делчево

Преку јавна анкета и предлози на граѓаните, Општина Делчево ја започна постапката за креирање на Буџетот за 2022 година.

За таа цел како што информираа од Општината на општинската бев страница достапен е веб формулар на кој можат да се пријават нивните насоки, предлози и идеи, кои би се реализирале во наредниот период. 

-Се известуваат граѓаните дека Општина Делчево објави јавна анкета со цел Вашите одговори да дадат насоки и предлози за креирање на Буџетот на Општина Делчево за 2022 гoдина. Со пополнување на краткиот формулар објавен на општинската веб-страница директно учествуваат во креирањето на приоритетите и Буџетот за 2022 година, истакнаа од Општината.

Оттаму ги информираа граѓаните дека исто така во тек е подготовката на предлог-програмите на Општина Делчево за 2022 година по одделенија и сектори.

-Во таа насока, Општина Делчево ги охрабрува граѓаните да доставуваат предлози во писмена форма или на е-маил info@delcevo.gov.mk. Исто така, планирани се средби со претставници од месните и урбаните заедници во општината, како и одржување форум на кој би учествувале сите заинтересирани граѓани, претставници од институции и од невладин сектор, додадоа од Општината.

Термините на одржување на средбите со граѓаните како што дополнија дополнително ќе бидат соопштени.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*