Вторник и четврток приемни денови во кабинетот на градоначалникот на Пехчево

Во Пехчево од вторник новиот градоначалник Александар Китански ги започнува средбите со граѓаните со цел подобрување на меѓусебната комуникација. Средбите како што стои во објавата на Општинската веб страница ќе се реализираат секој вторник и четврток од 12 до 14 часот.

-Граѓаните на општина Пехчево своите проблеми, било да се од лична природа или пак да станува збор за проблеми со кои се соочуваат во местото на живеење, да побараат помош или совет, ќе може да ги пренесе на средбите со првиот човек на општина Пехчево, Александар Китански кои ќе се одржуваат секој вторник и четврток од 12 до 14 часот во кабинетот на градоначалникот, информираа од Општината.
Овие средби како што додаде градоначалникот на Пехчево, ќе бидат од големо значање како за граѓаните, така и за Локалната Самоуправа.
-На овој начин се надевам ќе обезбедиме квалитетна комуникација со цел за подобро и ефикасно функционирање на Локалната Самоуправа, додаде Китански.
Од општината апелираа до сите кои ќе остваруваат средба со градоначалникот да ги почитуваат пропишаните здравствени мерки од корона вирусот

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*