Продолжуваат активностите од проектот ,,Редовно на часови”

Во делчевската деветолетка ,,Ванчо Прке” продолжуваат активностите од проектот “Редовно на часови”.

-„Проектот РЕДОВНО НА ЧАСОВИ: Акција за вклучување на Ромите во основното образование е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со Здружението Центар за образовна поддршка Дендо вас и Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор“. Проектот продолжи со АКТИВНОСТ 3: „Не лути се човече туку скокај и број“ во чии рамки учесниците ги увежбуваат , повторуваат и именуваат планираните вежби броејќи, полесно преку игра и ги совладуваат броевите од 1 до 20, како и нивното собирање и одземање.

Со наставникот по физичко образование преку игра го размрдуаат телото и ги совладуваат вештините на скок од место, вклучувајќи ги и мисловните процеси со што ги реализираат активностите со броење на броевите од фрлените коцки од „Не лути се човече“. Успешно и со многу радост и натпреварувачки дух ги реализираат овие собирања и одземања на броевите кои точно ги запишуваат со броевите до 20 (со собирање и одземање ) на белата табла .

Развиваат коректен и другарски однос на заедничка игра , помагаат кога некој од неговата група има потешкотии при активностите, активно се вклучуваат во секоја постапка на броење, скокање и запишување на броевите до 20.

Браво за сите учесници во оваа активност: наставници од I-III одд. , и по Физичко и здравствено образование , родители и наши ученици, се вели во објавата на ООУ ,,Ванчо Прке” Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*