Се гради нова улица во централното градско подрачје во Делчево

Започнаа градежните работи за изградба на нова улица во централното градско подрачје во Делчево. Од општината информираа дека станува збор за изградба на улицата „3“ која ќе го поврзува новиот градски пазар и улицата „Индустриска“ со пешачкиот мост на река Брегалница. 

Вршејки увид во градежните работи градоначалникот Горан Трајковски истакна дека изградбата на новата улица ќе даде квалитетно сообраќајно поврзување и ќе отвори нови перспективи за развој на овој дел од градот кој е во централното градско подрачје, но со децении стои неуреден и запоставен. 

-Улицата „3“ е проектирана за изградба во должина од 370 метри, со ширина на коловозот од 6 м и изградба на тротоар од едната страна со ширина од 2 метри. Улицата ќе биде изградена со два асфалтни слоја. Во моментов се вршат земјени работи, а ќе се постави и потребната подземна инсталација. Градежните работи за изградба на улицата ги изведува фирмата „БАУЕР-БГ“, истакна Трајковски. 

Вредноста на проектот изнесува 7,4 милиони денар од кои поголем дел од средствата, вкупно 5,2 милиони денари се обезбедени како под-заем преку проектната единица на Министерство за финансии и проектот за подобрување на општинските услуги МСИП 2  финансиран преку Светска Банка, а останатите средства се обезбедени по пат на кофинансирање од Буџетот на Општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*