
Закажана првата работилница организирана во Здружението КАЖИ КОГА Центар за инклузивен развој Скопје (КАЖИ КОГА) и Регионалниот центар за застапување, во рамки на проектот „Наш град“ кој е поддржан од Амбасадата на САД.
Еднодневната работилница како што стои во поканата од организаторите ќе биде еден вид информативно-едукативна сесија посветена на јавните простори и улогата на жителите и општините во нивното планирање, одржување и трансформација.
-Работилницата е наменета за жителите на општина Делчево, како и за сите оние чие привремено живеалиште е лоцирано во градот. Целта на работилницата е учесниците да се запознаат со основите на концептот “Placemaking”, односно, обликување и трансформирање на јавните простори заради зајакнување на врската помеѓу луѓето и општествениот простор кој го делат со останатите свои соседи, сожители, минувачи, истакнаа организаторите.
Дополнително како што додадоа, преку дискусија, размена на лични искуства и мислења, учесниците ќе ги мапираат запуштените простори кои со малку труд можат да бидат разубавени, како и ќе ги идентификуваат клучните проблеми со јавните простори во нивното соседство, маало, општина, а кои ги засегаат лично нив, ги засегаат нивните деца, пензионерите или било која категорија на граѓани.
Мислењата, препораките и заклучоците од работилницата треба да послужат како предлог-„мапа“ за поубави населби и маала, кој ќе се презентира пред двете општини.
Работилницата која ќе се одржи на 19 ноември 2021 година е закажана со почеток во 11:30 часот.
Пријавете се на следниот линк: https://forms.gle/s1bMphXWbMfGfGho7 или на: kazikoga@gmail.com
НАПОМЕНА: Бидејќи работилницата е со лично присуство и ќе вклучува група од 20 луѓе, доколку сакате да учествувате, задолжително е да поседувате сертификат за вакцинација против Ковид-19 или потврда за прележан ковид.
Leave a Reply