Три нови романи од авторката Милијана Павловска од понеделник на полиците на ЈЛБ ,,Илинден”

Авторката Павловска истакна дека делчевската библиотека е една од ретките која им дава простор на домашните автори кои според неа се запоставени од читателската публика.
-Имаме многу солидни автори и се чудам зошто се форсираат толку странски автори од кои верувајте кога ги читам ништо не научив. Иднината е во нашите автори, има сега една млада генерација автори кои многу ветуваат, бидејки како член на многу комисии од она што имаат да го кажат со сцпи 24, 25 години согледав дека има што да се научи од нив, рече Павловска.
Павловска за своите напишани романи, во 2016 година ја доби наградата за најчитан домашен автор од библиотеката ,,Браќа Миладиновци”.

Делата од домашни автори продолжуваат да бидат приоритет за делчевската библиотека ,,Илинден”. Три нови дела од македонската авторка Милијана Павловска од понеделник ќе се најдат на полиците на Јавната локална библиотека ,,Илинден”.

Како што информираше директорката Биљана Петровска со ова колекцијата на нејзини дела кои ги поседува библиотеката сега изнесува 10 романи.

-Присуството на авторката Милијана Павловска, во нашиот град , го искористивме да ја поканиме во нашата библиотека, на кафе и муабет, а воедно да ни ги достави романите ,,Мојот живот моја судбина”,,,Повторно се сретнавме” и ,,Близначки”. Веќе од понеделник тие ќе бидат на полиците на библиотеката. ЈЛБ „Илиден“ веќе има 7 нејзини дела. Ја користам приликата да кажам дека ние имаме прекрасни автори, како што е Милијана, кои треба да ги почитуваме, да ги читаме или како библиотека да ги набавуваме делата на нашите автори и да ги нудиме на читателите, рече Петровска.

Потенцираше дека библиотеката е отворена за соработка со сите македонски автори кои ќе ги претстават сите нивни дела.

Авторката Павловска истакна дека делчевската библиотека е една од ретките која им дава простор на домашните автори кои според неа се запоставени од читателската публика.

-Имаме многу солидни автори и се чудам зошто се форсираат толку странски автори од кои верувајте кога ги читам ништо не научив. Иднината е во нашите автори, има сега една млада генерација автори кои многу ветуваат, бидејки како член на многу комисии од она што имаат да го кажат со сцпи 24, 25 години согледав дека има што да се научи од нив, рече Павловска.

Павловска за своите напишани романи, во 2016 година ја доби наградата за најчитан домашен автор од библиотеката ,,Браќа Миладиновци”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*