Започна 15-тото издание на „Вапцарови бранувања“ во Делчево

Во Делчево започна културната манифестација „Вапцарови бранувања„ посветена на големиот поет и револуционер Никола Јонков Вапцаров. Како што информираше Љупчо Петровски, раководител на Литературната дејност при Националната установа Центар за култура „Н.Ј.Вапцаров“ од Делчево, манифестацијата годинава се организира по 15 пат со неколку предвидени активности кои започнаа со денешната Интерактивна визија со писателката Милијана Павловска.

-Ние овие Вапцарови бранувања ги отпочнуваме со заедничка дружба со  една од најчитаните писателки во Македонија, која пред читателската публика од Делчево ќе има можност да сподели дел од искуствата за нејзините дела. Во рамки на вториот дел од Вапцарови бранувања, предвидеуваме литературен конкурс наменет за сите ученици и писатели од Делчево и во рамки на третиот дел ќе го постиме Банско и Центарот за култура „Н.Ј.Вапцаров“ од Благоевград, каде ќе  присуствуваат првонаградените од конкурсот и нивните ментори, рече Петровски.

За денешниот гостин Милијана Павловска иако пандемијата го намалил интензитетот на средби со читателската публика, денешниот ден за неа е можност повторно да се другарува со публиката.

-Се разбира јас имам една убава комуникација со публиката, тоа ми го овозможува мојата непосредност која можеби е резултат на мојата професионална работа како долгогодишен професор и педагог, контакт кој ми е вроден, поради што секогаш наоѓам тема на разговор со публиката. На читателите ќе им порачам дека никогаш не е доцна да се почне, јас првата песна ја напишав на 56 години, потоа се редеа други над 100 песни, што значи дека поддршката што ми ја дадоа тие, ми беше пресудна да напишам 15 романи за 7 години, додаде Павловска.

Таа им порача на најмладите да другаруваат со литературата, бидејки книгата е најдобар пријател на човекот. 

Од Националната установа ЦК „Н.Ј.Вапцаров“ додадoa дека последната активност во рамки на манифестацијата е ,,Вапцаровиот караван” на кој ќе бидат прочитани делата на учесниците на конкурсот со доделување на наградите за најдобрите, а по тој повод ќе гостува и авторката М-р Симона Ристевска, која е една од најпознатите писателки на детска литература во Македонија. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*