Ученичка акција по повод Светскиот ден на детето во деветолетката „Св.Климент Охридски“

Со акција за разубавување на екстериерот пред деветолетката „Св.Климент Охридски“ во Делчево одбележан Светскиот ден на детето. Во акцијата како што информираа самите учесници учествувале 30 дечиња кои работеа на уредување на надворешниот простор пред училиштето.

-Главна задача ни беше да го направиме дворот во училиштето едно поубаво и малку поразлично катче каде децата ќе играат и ќе се забавуваат. На децата по повод денешниот ден би им посакала да се забавуваат и да уживаат во детството, истакна ученичката Сара Ангелова.

Акцијата се спроведе во соработка со Општина Делчево и општествено одговорната компанија Брегал.

-Голема благодарност до општината и градоначалникот, советничката Јасмина Ќурчиска како и фирмата Брегал кои ни помогнаа во реализација на активностите, додаде ученичката Ана Стоименовска.

Од училиштето упатувајки честитки до сите ученици по повод Светскиот ден на детето, вакви и слични акции најавија и за во наредниот период.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*