Делчевската библиотека ја продлабочува соработката со библиотеката ,,Бора Станковиќ” од Врање

Делчевската библиотека ја продлабочува соработката со библиотеката ,,Бора Станковиќ” од Врање. Главна тема на разговор помеѓу двете установи, во рамки на посетата на Врање од страна на претставници на библиотеката од Делчево ќе биде трансформацијата на библиотеките согласно потребите на читателите.

-Библиотеките мораат да се трансформираат според потребите на корисниците во оваа време во кое живееме и да соработуваат меѓусебно, интензивно придржувајки  се на меѓународните кодекси. Библиотекарите од двете библиотеки , ЈЛБ ,,Илинден” – Делчево и ,,Бора Станковиќ” – Врање, имаат иста мотивација и цел дека иднината на библиотеката е соработка  меѓу библиотеките од земјата и светот, истакнаа од ЈЛБ ,,Илинден”.

Оттаму додадоа дека само со взаемна поддршка, размена на искуства и ресурси, ќе се креира библиотеката на 21 век.

-Она што сепак сите не преокупира е Ковидот кој е тука, ама пораката е дека вакцинирани, почитувајќи мерки, мораме да живееме со него. Пропуштивме многу и затоа мораме да  продолжиме да работиме, соработуваме, твориме, создаваме, развиваме и да се усовршуваме, додадоа од ЈЛБ ,,Илинден”.

Од Јавната локална библиотека ,,Илинден” Делчево најавија продлабочување на соработката и со други установи како од Србија, така и од останати соседни земји.

https://www.facebook.com/390694841312196/posts/1482839575431045/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*