Членови на ПСК ,,Голак” го искачија врвот ,,Чупино”

Објава на ПСК ,,Голак” Делчево:

ВРВ ЧУПИНО 1725 М.Н.В. НА ПЛАНИНАТА ПЛАЧКОВИЦА ВО АТАРОТ НА СЕЛО БЛАТЕЦ (ОПШТИНА ВИНИЦА). 😃 (Y)

Денес,членови на ПСК ГОЛАК Делчево, по идеално сончево време, без ветар, голема видливост и температура од +16 степени, реализиравме планинарска тура со следната маршута : Село Блатец 700 м.н.в. – Герасимов кладенец 1102 м.н.в. – Валог 1293 м.н.в. – Легало Кладенец 1552 м.н.в. – ВРВ ЧУПИНО 1725 м.н.в. и обратно,во вкупна должина од 13 км.

Ова е дел од нашата планинарска патека која ја маркиравме и поставивме пред 2 години и е прва НАЦИОНАЛНА ТРАНСФЕРЗАЛА ВО БРЕГАЛНИЧКИОТ РЕГИОН, која почнува од град ДЕЛЧЕВО, ја поминува цела планина ГОЛАК како и ПЛАЧКОВИЦА и завршува над градот ВИНИЦА.

Еден преубаво поминат ден со апсолутно преубави луѓе исполнети со максимално позитивна енергија. 😃 (y)

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*