Во Делчево одиграни два ракометни натпревари во женска кадетска конкуренција

Во Делчево одиграни два ракометни натпревари во женска кадетска конкуренција. Во првиот натпревар екипата на ,,Брегалница плус” беше подобра од Женскиот ракометен клуб ,,Гевгелија”, совладувајки ја со 33:29, што за тренерот Драган Пешовски беше одличен старт, имајки ја предвид неколку месечната паузата во оваа конкуренција.

-Секако дека сме задоволни од резултатот, она што го најавивме во првото полувреме, во второто го потврдивме. Оваа екипа има простор за надоградување, резултатите полека доаѓаат. Очекувам уште поголем отпор во следните кола и уште подобри резултати, рече Пешовски.

Во вториот натпревар кадетките на ЖРК ,,Делчево Вардар” и ЖРК ,,Деспина” одиграа вистински борбен натпревар кој заврши нерешено 25:25. Иако делчевки имаа константно водство во текот на првото и второто полувреме, сепак ремито е најправедниот исход. 

За тренерот Горан Велков како ќе минува времето, делчевки ќе играат се подобар и подобар ракомет.

-Денес игравме со вицешампионот ,,Деспина”, мислам дека како ќе одминува времето ќе играме се подобро и подобро. Честитки за противничката екипа кои одиграа цврст и фер натпревар, рече Велков.

Во следното коло ќе се одигра средба помеѓу двете домашни екипи, што според Велков ќе биде празник на ракометот во Делчево.

-Наредната недела сме домаќини на екипата на Брегалница плус, со која се надеваме дека ќе имаме добар натпревар. Благодарност до публиката која денес не бодреше и посакувам и следната недела да имаме добра посета и добар натпревар, додаде Велков.

Освен во кадетска конкуренција, екипата на ЖРК ,,Делчево Вардар” ќе има свој претставник и во пионерска лига која наскоро стартува со натпревари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*