Операција Флоријан донираше противпожарно возило во М.Каменица

Со изразување сочувство до семејствата на загинататите во автобуската несреќа во Бугарија, во која настрадаа македонски државјани, градоначалникот на М.Каменица Димче Атанасовски денес ги прими претставниците на Операција Флоријан, кои за потребите на Територијалната противпожарна единица донираа возило за интервенции при сообраќајни незгоди и друг вид катастрофи. 

-Иако за нас ова е убав ден, на ниво на цела држава имаме трагичен настан и по тој повод упатувам сочувство до семејствата на загинатите и да се молиме заеднички за побрзо оздравување, во оваа за жал тешка несреќа. Би сакал да им се заблагодарам на сите вклучени во самиот проект, на сите пожарникари и на командирот, кој се заложи за сето ова да биде добро организирано. Факт е дека ова против пожарно возило ќе придонесе многу, иако посакуваме што помалку да се употребува, рече Атанасовски.

Операцијата Флоријан за прв пат во М.Каменица донираше пред 10 години опрема, а сега донацијата како што додаде е во опрема и возило, и навести дека општината ќе се заложи за понатамошно инвестирање во противпожарната единица, за да можат пожарникарите да бидат секогаш подготвени вршејки ја својата работа во интерес на заедницата.

Командирот на ТППЕ М.Каменица, Малин Трајчевски информираше дека возилото е мултифункционално и ќе ја пдообри нивната работа при несакани несреќи.

-Лично од мое име и од името на ТППЕ М.Каменица сакам да се заблагодарам на Рој и екипата од Флоријан за донираното возило. Ова специјално ПП возило „„Денис“ е мултифункционално возило кое се состои од опрема за разновиднаопрема за спасување, почнувајки од скали, продолжувајки со РТЦ опрема за сообраќајни незгоди, воздушни перничиња и друга опрема која ни недостасува, рече Трајчевски.

Пред да биде донирано возилото, како што додаде пожарникарите биле дел од обуката која е предвидена согласно стандардите на Операција Флоријан.

-Поради ова ние од 17 до 20 ноември 2021, бевме на обука во обучниот тренинг центар во Свети Николе, совладувајки ја обуката и денес возилото како што гледате возилото е тука и ќе биде донирано за наша трајна употреба. Моментално во возниот парк имаме 4 цистерни и 1 возило за шумски пожар Пикап исто кое може да се користи во урбана средина, додаде Трајчевски.

Членот на управниот одбор на Операција Флоријан, Рој Баренклаф, истакна дека како невладина организација од Обединетото кралство на Балканот работат од 1994 година, а конкретно во Македонија од 2008 година. 

-Ова е 26 возило кое е донирано од 2008 наваму. Опремата вкучува сет од опрема што се користи кај нас, скали, изолациони апарати, црева и цела опрема за употребување во сообраќајни несреќи. Многу важно е сите возила кои се донирани се се уште во функција и најдобра кондиција. Со донирањето на возилата и опремата се грижиме секогаш да ги обучиме пожарникарите. Со каменичките пожарникари веќе одржавме тренинг сесија обуки, исто како и со пожарникари од Новаци и Св.Николе, рече Баренклаф.

Во 2021 година во М.Каменица како што додадоа од Територијалната противпожарна единица од М.Каменица регистрирани се намален број интервенции, а притоа единицата учествуваше во гаснење на пожари во Кочани, Берово и Делчево. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*