
Поради позитивни случаи или контакт со позитивни на Ковид-19 во делчевската деветолетка ,,Ванчо Прке” онлајн настава следат 128 ученици. Како што информираше советникот за образование при Општина Делчево, Ванчо Новоселски, најголем дел од учениците кои следат онлајн настава се од 4 до 9 одделение.
-Во ова училиште позитивни од 1 до 3 одделение има 2 ученика, од 4 до 9 одделение таа бројка изнесува 7 ученици. Тука влегуваат и 5 наставници, од кои 2 наставника се во изолација, поради контакт со заразено лице, вели Новоселски.
Правилата како што додаде налагаат доколку има еден позитивен ученик, цела паралелка да оди во изолација, поради што во моментот има поголем дел ученици кои се во изолација.

-Од таа причина во деветолетката ,,Ванчо Прке” имаме 8 паралелки со 128 ученици кои учат од дома, односно следат онлајн настава. Тоа се 43 ученици од прво до трето одделение и 85 ученици од 4 до 9 одделение, додаде Новоселски и посочи дека бројката може да варира, бидејки дел од позитивните излегуваат од изолација.
Тој напомена дека ситуацијата во деветолетката ,,Св.Климент Охридски” и гимназијата ,,Методи Митевски – Брицо” е стабилна.
Во ООУ ,,Св.Климент Охридски” поради контакт со позитивни во изолација се 4 ученици и 1 наставник, додека во гимназијата три ученика и 1 наставник се во изолација поради контакт со позитивно лице.
Leave a Reply