Пакомак донираше за подобрување на комуналната хигиена во Берово

Фирмата ,,Пакомак”, донираше 8 контејнери за собирање и складирање на отпадна пластика за Берово

-Фирмата ,,Пакомак” од Скопје, повторно е сериозен партнер на општина Берово, кога станува збор за собирање и складирање на отпад, при што донира 8 контејнери, кои се наменети за собирање и складирање на отпадна пластика, истакнаа од Општината.

Контејнерите како што додадоа, ќе бидат поставени на фреквентни локации на јавно- прометни површини и истите ќе придонесат во засилување на системот за собирање на отпад во Берово, кој може да биде реупотребен и рециклиран.

-Полека но сигурно продолжуваме со воспоставување на систем за селектирање на комуналниот отпад во општината, при што во иднина треба да направиме селекција и на преостанатиот отпад, зошто само така ќе придонесеме кон чиста и здрава животна средина, за сите нас, додаде градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

Селектирањето на отпадот и грижата за животната средина во која сите заедно живееме, почнува од сите нас. Никој друг не може да го земе пластичното шише од вашиот дом и да го фрли во контејнерот за селекција, освен вие самите, а вашиот избор не е само ваш, туку и избор за тоа како ќе живеат вашите деца, порачаа од „Пакомак“ од каде упатија совети за правилно селектирање на отпадот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*