
Кошаркарскиот клуб Патриот во женска конкуренција забележа нова победа во У-16 конкуренција, откако на домашен терен денес славеше над КК ,,Трокал” од Кавадарци со убедливи 59:38.
Со новата победа тренерот Љупчо Петровски истакна дека кошаркарките покажале дека знаат, можат и умеат и дека ќе се борат за првото место.
-Сите девојки одиграана високо ниво, а најефикасна на средбата беше Радмила Стојменовска со 14 поени, потоа Ана Ангеловска со 13, Наталија Дамјанова со 12 поени, Теодора Атанасовска со 9, Мелани Стојменовска со 8, Ана Костадиновска со 4 поени, но сите девојки одиграа добро иако некои не постигнаа поени како на пример Тренчевска Маринела, Елена Димитровска и други рече Петровски.
На натпреварот три кошаркарки за прв пат почувствуваа како е да се биде на паркетот забележувајки ги своите први настапи, а меѓу нив младите Неда Малешевска со 13 години, Ана Стоименовска со 11 години и Милена Илиевска со 12 години.
Овие кошаркарки според Петровски докажале дека на нив може да се смета во иднина.

Leave a Reply