Интернационалната полициска организација (IPO) одржа состанок во Делчево

Интернационалната полициска организација (IPO), на 27 ноември 2021 одржа состанок во Делчево на кој претседателот Ненад Мировски им посака добредојде на новите членови, воедно запознавајки ги со работата на самата организација.

-Новите членови беа многу заинтересирани за соработка и учество во активностите на ИПО. Имајќи предвид дека меѓу новите членови имаме цивили, претседателот им објасни кои се придобивките од нашите едукации, курсеви и вебинари, дека секој може да напредува за себе со посетување на нашите курсеви и вебинари и со тоа да се стекне со сертификати и знаење, да учествува во нашите идни проекти што ги планираме, се вели во веб-објавата на IPO.

Воедно Претседателот Мировски им објасни за важноста на IPO значките кои ги поседува секој член, кои како што додаде не можат да бидат злоупотребени од членовите и не можат да послужат за воведување членови како полицајци и дека секое такво дело е лична одговорност на секој член кој може да има законски последици.

-Оваа средба беше корисна, не само за новите, туку и за старите членови, да ги разменат своите мислења и идеи и да покажеме дека најважна за секој дел е соработката меѓу членовите и лидерите, да се реши секој можен проблем и да се создадат нови идеи за подобар развој на целата наша организација, потенцираа од IPO.

Топло добредојде на средбата доби и г-дин Борче Јанчевски, експерт за безбедност и боречки вештини, кој е нов инструктор во IPO Секцијата НМК. Од организацијата изразија огромно задоволство поради напредокот на членовите и сите секции, членови кои како што велат не се само одлични експерти туку и цивили кои се подготвени да учат и да придонесат за организацијата заедно со граѓанството.

Линк до објавата: https://www.interpolice.org/post/ipo-north-macedonia-activity-1

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*