
Филмскиoт фестивал за млади Џифони патува во Делчево. Фестивалот е закажан за 29 и 30 ноември 2021 во организација на Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков – Вапцаров” – Делчево.
На фестивалот ќе се прикажуваат филмови за млади, а програмата ќе ја направи позабавна актерката Зорица Нушева која ќе одржи и актерска работилница.
Покрај тоа ќе има и Фотографска и Ликовна работилница на кои младите од Делчево ќе ја поттикнат својата креативност.
Влезот е бесплатен.

Leave a Reply