Отворен повик за пријавување за избор на нов Претседател на ЗФГ ,,Копачка”

Отворен повик за пријавување за избор на нов Претседател на ЗФГ ,,Копачка”:

После смртта на нашиот доживотно избран претседател Димитар Узунски, го објавуваме овој
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ИЗБОР НА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ
на ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево

  1. Кандидатот да е член на ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево, намалку 10 години.
  2. Да има искуство со раководење на најмалку 5 проекти од областа на нематријалното културно наследство на Пијанец,
  3. Да има искуство најмалку 2 години во раководните органи во Здружение на граѓани или фондации.
  4. Да е на воздраст над 20 години.
  5. Да има креативни и организациски способности и способности за работа под притисок.
  6. Да има завршено најмалку средно образование
  7. Да има најмалку еден сертификат за посетување на семинар или работилница за нематеријално културно наследство и УНЕСКО.

Во својата кандидатура да се достави: CV, Програма и дополнителни материјали кои ја потврдуваат адекватноста на кандидатот, за обавување на дејноста претседател.
Пријавата да се достави до канцеларијата на Групата на адреса:
ЗФГ КОПАЧКА С. Драмче, Делчево
ул. Титоградска, бр. 2
Делчево

Повикот трае најдоцна 8 дена од денот на објавувањето од 27.11.2021-04.11.2021 година

27.11.2021 ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево
Делчево Иницијативен одбор

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*