Спречен поголем пожар на мини-депонија над селото Ѕвегор

Жители на Ѕвегор заедно со делчевските пожарникари спречија пожар од поголеми размери над селото Ѕвегор. Пожарот го забележале жители на Ѕвегор меѓу кои Ванчо, Сретен и Миле Новоселски, кои истиот го пријавиле до Територијалната противпожарна единица во Делчево.

-Пожарот ги забележавме на запалена мини депонија која гореше над селото, а во истиот гореше пластика и друг вид лесно запалливи материи. Веднаш ја известивме противпожарната единица, кои бргу ни се приклучија во акцијата и го совладавме огнот, рече Новоселски.

За Новоселски ова е разочарувачки ако се има предвид фактот дека пред само два месеци изгоре поголем дел од шумата во горниот дел на Пијанец. Според него истото можело да се случи и денес, најмногу поради силниот ветар кој лесно можел да ја зафати блиската шума и со тоа да предизвика огромна штета од несогледливи размери.

-Палење на оган во близина на шума после она што ни се случи летово е незамисливо, бидејки сите сме сведоци колкава површина од пламените јазици изгуби територијата на Пијанец. Поради ова јас лично ќе се заложам да се најде сторителот кој ја запалил депонијата и да одговара за својот чин, дециден е Новоселски.

Изрази голема благодарност до делчевските пожарникари за брзата интервенција и нивна поддршка, со цел избегнување на најлошото сценарио.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*