Ана Ангеловска лидер кај ,,патриотките” во убедливата победа против Шкупи

Женскиот кошаркарски клуб ,,Патриот 2016″ ја забележа четвртата победа во Првата Б лига на Македонија, откако со убедливи 64:38 денес во Делчево славеше над екипата на Шкупи.

По завршувањето на натпреварот, тренерот на домашната екипа Љупчо Петровски истакна дека клучот за новата победа на делчевки бил во цврстата одбрана под кошевите.

-Нашите патриотки во доста цврст и динамичен натпревар успеаа со добра одбрана да дојдат и до четвртата победа по ред во второто по квалитет натпреварување и да се искачат на втората позиција со само два бода пималку од лидерот Трокал од Кавадарци. Исто така победата е резултат на разликата која ја направивме во првото полувреме, кое го добивме со 22 разлика, рече Петровски.

Најефикасен поединец на овој натпревар беше репрезентативката Ана Ангеловска со неверојатни 30 поени, додека нејзината сестра Елена Ангеловска, постигна 11 поени.

-Навистина сум задоволен од нивната игра, кои заедно постигнаа и 3 тројки, но секако морам да нагласам дека сите кошаркарки дадоа свој придонес во победата, додаде Петровски.

Во предигра на овој натпревар кошаркарките од Делчево во У-16 конкуренција го совладаа ривалот Трокал од Кавадарци со 59:38.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*