Убедлива победа на ракометарките на СОУ ,,М.М.Брицо” против врсничките од СОУ ,,Љупчо Сантов” од Кочани

На 29.11.2021 (Понеделник) во Делчево се одигра натпревар во ракомет женски за средни училишта од Зона Кочани.

Се сретнаа екипите на СОУ М.М.Брицо Делчево и СОУ Љупчо Сантов Кочани. Подобри беа домаќините од Делчево кои со резултат 36:09 (16:04) ја совладаа гостинската екипа од Кочани.

Со оваа победа делчевки се пласираа на Регионалните натпревари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*