Патриотките од Делчево го поматија Вардар среде Скопје!

Женскиот кошаркарски клуб Патриот од Делчево продолжува со серијата добри резултати. Овој пат им ги ,,поматија” сметките на кошаркарките на Вардар од Скопје победувајки ги на нивни терен со 58-64. За новата победа тренерот на делчевки Љупчо Петровски на својот фејсбук профил напиша:

-Шампионките од Делчево во маестрална игра ја извојуваа 4 победа по ред. Победена е одличната екипа на Вардар среде Скопје. Девојките во салата Кале одиграа смело, борбено, водеа цел натпревар, за да во неизвесен финиш покажат искуство во похосот за победа. Сите девојки одиграа смело, борбено, но репрезентативката, нашата капитенка Ана Ангеловска предничеше со 32 поени, Теодора Атанасовска постигна 10, Радмила Стоименовска постигна 8, Наталија Дамјанова 4, Елена Димитровска, Ана Костадиновска, Мелани Стоименовска по 2 поени, но сите беа дадени кога најмногу требаше, напиша Петровски на фејсбук по победата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*