Започна тридневната Ликовна работилница во рамки на Деновите на хуманост

Од денеска во наредните три дена, талентирани ученици од делчевските училишта заедно со штитеници од Дневниот центар ќе ги учат тајните на сликарството во рамките на Ликовната работилница која се реализира како дел од настанот Денови на хуманост. 

-Ликовната работилница е  дел од одбележувањето на 3 Декември, меѓународниот ден на лицата со попреченост, а во организација на Општина Делчево, НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров” и локалните институции, истакнаа организаторите.

Во работилницата како што додадоа од Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево активно се вклучени 16 ученици и 3 лица од Дневниот центар за лица со посебни потреби.

-Стручни соработници се Александар Белогаски и Благица Стојановска, а примарната цел на активноста е интеграција и дружење на учесниците, но и создавање ликовни творби со посебен акцент на техниките на сликарството, додадоа од Центарот за култура.

Творбите од работилницата како што додадоа ќе бидат изложени по завршување на работилницата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*