Лицата од Дневниот центар се запознаа со работата на Јавната локална библиотека ,,Илинден” – Делчево

И годинава, ЈЛБ „Илинден“ се приклучува на деновите на хуманост „Дарувај со љубов“. По 4 пат деновите на хуманоста ги организира Општина Делчево заедно со ЈЛБ „Илинден“, НУЦК„Н.Ј.Вапцаров“ и Дневниот центар за лица со посебни потреби во Делчево и образовните институции во градот.

-По повод 3 декември, Светскиот ден на лицата со посебни потреби,Во библиотеката на гости беа сите лица кои моментално го посетуваат Дневниот центар .Огромно е задоволството што имаме можност да ги пречекаме да се дружиме да им покажеме како изгледа и како работи библиотеката.Никако не смееме да заборавиме дека сме различни но сепак сите сме исти.Секој на свој начин треба да даде придонес овие лица со посебни потреби полесно да се пробиваат низ животот и низ општеството, рече директорката на библиотеката Биљана Петровска.

Лицата со посебни потреби кои го посетуваат Дневниот центар имаа своја работилница, изработуваа разни украси и сувенири, а по повод Светскиот ден на лицата со посебни потреби, библиотеката им подари материјали што им се потребни за нивната работа.

-Да бидеме хумани, да помогнеме, да подариме за да можат и тие лица да создаваат, творат, да се чувствуваат корисни и успешни во средината во која живеат, додаде директорката на библиотеката.

Инаку 3 декември се одбележува уште од 1992 година, кога Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи за Меѓународен ден на лицата со посебни потреби и се одбележува насекаде низ светот. Денес, светското население е над 7 милијарди луѓе. Повеќе од една милијарда луѓе, или приближно 15% од светското население, живеат со некаква форма на попреченост. 80% живеат во земјите во развој, додека 50% од лицата со посебни потреби не можат да си дозволат здравствена заштита. Во Македонија се проценува дека 10% или околу 200 000 жители се лица со инвалидитет.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*