Во Делчево остварен предвидениот план за крводарување за 2021 година

Во Делчево остварен предвидениот план за крводарување за 2021 година. Организациониот секретар на Црвен крст Делчево, Ивана Ангеловски на денешната крводарителска акција информираше дека 2021 година ќе остане запаметена како рекордна по бројот на собрани крвни единици, за што искрено им се заблагодари на крводарителите.

-Да се пофалам дека во Општинската организација на Црвен крст Делчево, до моментот е остварен и надминат крводарителскиот план за оваа година. Кај нас акциите се одвиваат беспрекорно, крводарувањата не опаднаа, дури и се зголемија, така што го срушвиме рекордот за последните 12 години, рече Ангеловски.

Таа додаде дека поради рекордните 77 крвни единици, собрани во рамки на ноемвриската крводарителска акција, на денешната акција бил зголемен бројот на кревети, како одговор на барањата на крводарителите и со цел одбегнување на поголеми гужви во услови на пандемија.

Поради пандемијата како што потврди доктор Милан Поповски од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, забележливо е мало намалување на крводарувањето на државно ниво, но генерално како што додаде во последните три месеци состојбата се нормализирала, со што крвните единици се задржале на очекуваните бројки.

Од Црвен крст Делчево ја искористија можноста да ги повикаат сите кои не се крводарители, да се приклучат на тимот на Црвен крст Делчево и со тоа да помогнат онаму каде што е најпотребно. Воедно посочија дека точната бројка на собрани крвни единици за 2021 година ќе биде соопштена, откако утре (3.12.2021) со крводарителите од М.Каменица ќе се реализира последната крводарителска акција за 2021 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*